Zekeriya el-Kemali,Zeynep Tüfekçi
20 Октомври 2016•Ажурирај: 20 Октомври 2016
САНА (AA) - Околу полноќ, во сила стапи тридневно примирје во Јемен, јавува Anadolu Agency (AA).
Обединетите нации претходно соопштија дека во Јемен, на 19 октомври, во 23 ч. и 59 минути ќе бидат запрени судирите и дека во сила ќе стапи 72-часовно примирје.
На овој начин ќе биде запрено крвопролевањето и ќе се овозможи испраќањето на хуманитарна помош, за која е потребно непречено поминување во повеќе подрачја во Јемен. Побарано е страните што војуваат да се држат до ветеното. Новинската агенција на Саудиска Арабија СПА наведува дека и покрај примирјето, опасноста од судири во Јемен продолжува.
Јемен е упориште на длабока политичка и безбедносна криза којашто кон крајот на 2014 година ескалираше во граѓанска војна кога бунтовниците, предводени од шиитското движење Хуси го зазедоа главниот јеменски град Сана, а потоа и другите региони.
Претседателот на Јемен, Абд Рабу Мансур Хади и неговата влада пребегаа во Саудиска Арабија, а јужниот град Аден моментално е административен центар на меѓународно признаената јеменска Влада. Конфликтите во Јемен дополнително ескалираа во март минатата година кога Саудиска Арабија со своите арапски сојузници почна да изведува воздушни напади на положбите на бунтовниците во Јемен.