Erbil Başay
16 Јули 2021•Ажурирај: 17 Јули 2021
БЕРЛИН (АА) - Најмалку 103 лица загинаа во поплавите кои како последица на обилните врнежи ја погодија западната германска покраина Северна Рајна-Вестфалија и Рајнска Област-Пфалц, јавува Агенција Анадолија (АА).
Премиерката на сојузната покраина Рајнска Област-Пфалц, Малу Дрејер, изјави дека на тоа подрачје загинале 60 лица.
Во покраината Северна Рајна-Вестфалија бројот на загинати е зголемен на 43.
Министерката за одбрана, Анегрет Крамп-Каренбауер, одлучи да воведе итна воена состојба.
На подрачјата погодени од поплавите се наоѓаат околу 850 војници кои им помагаат на жителите. Тој број ќе биде зголемен.
Властите претходно наведоа дека исчезнале околу 1.300 лица.
Дојде до прекин во телекомуникациите и до голем број лица е невозможно да се стигне.
На овие подрачје дојде и до уривање на куќите, поплавени се улици, а има и загрозени станбени објекти.