Halil İbrahim Başer
09 Мај 2016•Ажурирај: 10 Мај 2016
ИСТАНБУЛ (АА) - Според податоците добиени од метеоролошките организации, продолжува растот на температурата на површината на Земјата, јавува Anadolu Agency (AA).
Од информациите кои дописникот на АА ги доби од одговорните на Генералниот директорат, средната вредност на температурата на површината на Земјата е зголемена за 1,5 степени во однос на онаа од 19-тиот век.
- Најтопли 30 години во последните четири века -
Климатските промени во системот имаат особено забрзан порат по 1950 година. Од 1880 година досега атмосферата е стоплена за 0,85 степени. Во овие рамки, на Северната полутопка, периодот од 1983 до 2012 година се смета за најтоплиот 30-годишен период во последните четири века.
Од почетокот на евидентирањето на тепмературата во 1880 година, 2014 беше година во која беа заведени највисоки температури на површината на Земјата и на површината на океаните. Според средната годишна температура, 2014 го скрши рекордот во однос на 20-тиот век, кој има средна вредност од 13,9 степени целзиусови, со повискока температура за 0,69 степени, и за 0,04 степени во однос на претходните рекордни 2005 и 2010 година.
- Минатата година беше најтопла година досега -
Минатата година имаше најголем температурен пораст во однос на претходната година со 0,23 степени целзиусови.
До колку не се преземат потребните мерки, се очекува кон крајот на столетието температурата да порасне за пет степени. Порастот на температурата, покрај сушите, предизвикува и неочекувани дождови, бури, урагани и други природни катастрофи.
- „Температурата се зголемува со несмалено темпо“ -
Професорот д-р Орхан Шен, член на Факултетот за аеронаутика и астрономија при Техничкиот универзитет во Истанбул (İTÜ) соопшти дека основна причина за раст на температурата е формирањето на ефектот на стаклена градина во атмосферата. Професорот Шен истакна дека температурата е во постојан пораст.
„Најважен резултат од затоплувањето е промената на климата. Оваа промена нема да влијае на ист начин во секоја земја. Со сегашното темпо до крајот на векот ќе имаме среден пораст на температурата за пет степени. Климатските промени ќе ги предизвикаат деструктивните ефекти, чиј број ќе се зголемува.“
Професорот Шен соопшти дека оваа година температурите според годишните времиња се многу повисоки од нормалните.
„Во февруари беше измерена највисока температура во последните 60 години. Ако вака продолжи, ќе бидат надминати досегашните рекордни температури. Се очекува оваа година да биде најтопла во однос на последите 80 години. Зголемената температура ќе влијае на ефектот на стаклената градина и ефектот на Ел Нињо ќе биде поголем. Веќе имаме и глобално затоплување. Во врска со настанатата ситуација, потребно е брзо да се реагира и да се преземат превентивни мерки.“