Furkan Naci Top
11 Октомври 2016•Ажурирај: 12 Октомври 2016
АТИНА (АА) – Бројот на мигранти на грчките острови по договорот меѓу Турција и ЕУ, за првпат се искачи над 15 илјади, јавува Anadolu Agency (AA).
Според грчките официјални податоци, во последните 24 часа на грчките острови пристигнале 143 нерегулирани мигранти, со што вкупниот број достигнал до 15 илјади 67 мигранти.
Од почетокот на октомври досега, бројот на нерегулирани мигранти што пристигнаа на грчките острови покажува раст во однос на минатите месеци и изнесува 1.232 мигранти.
На Лезбос, каде што се наоѓа центарот за регистрирање, има вкупно 5.873, на Хиос 4.186, на Самос 1.990, на Кос 1.889 и на Лерос 724 мигранти. На некои од останататите острови се наоѓаат уште вкупно 800 мигранти.
Капацитетот за сместување мигранти на островите е речиси половина од вкупната бројка на мигранти што моментално се наоѓаат таму.
Грчката Влада на состанок минатата недела одлучи дел од мигрантите од островот Лезбос да се преселат во камповите по главните патишта, поради лошите услови на островите. Меѓутоа, во врска со ова, владата нема преземено ниту еден чекор.