Ekipa
11 Октомври 2016•Ажурирај: 12 Октомври 2016
АНБАР (АА) - Во спроведените операции во покраината Анбар во Ирак, подрачјето Џезирету Хит е ослободено од контролата на терористичката организација ДАЕШ, јавува Anadolu Agency (AA).
Командантот на силите во операциите Ал-Џезира, бригадниот генерал Касим ел-Мухамеди, за Anadolu Agency изјави дека единиците што се дел од армијата во северниот дел од Хит, во потполност го расчистиле подрачјето на Џезирету Хит од милитантите на ДАЕШ.
Командантот Мухамеди истакна дека авионите на коалициските сили извршиле интензивни воздушни напади врз неколку села, кои биле гранатирани и со топови, по што терористите биле принудени да се повлечат од подрачјето.
Командантот Мухамеди нагласи дека преземањето на подрачјето е важно бидејќи тоа било користено од страна на ДАЕШ како место од кое се гранатираат околните градови и од таму се вршеле напади врз цивилите и војската.