Afra Aksoy
05 Јуни 2017•Ажурирај: 06 Јуни 2017
САНА (АА) - Светската здравствена организација (СЗО) соопшти дека бројот на починатите во епидемијата од колера што го зафати Јемен се искачи на 532, јавува Anadolu Agency (AA).
Според соопштението од канцеларијата на СЗО во Јемен, објавено на социјалните мрежи, од петокот до денес починале 71 лице од епидемијата на колера.
Според тоа, од 27 април до денес, бројот на починатите во 19 покраини во Јемен се искачи на 676.
Исто така, во ова соопштение се наведува дека се регистрирани над 86.400 сомнителни случаи во земјата.
Три милиони луѓе во Јемен, раселени поради конфликтите коишто траат веќе 2 години, како резултат на немањето пристап до чиста вода, како и несобирањето на отпадот, секој ден се изложени на ризик да заболат од колера.