Ekip
18 Октомври 2016•Ажурирај: 18 Октомври 2016
АТИНА (AA) – Десет илјади бегалци кои се наоѓаат во Грција, се спремни да бидат преселени, рече во вторник Димитрис Пападимоулис, потпретседател на Европскиот парламент и член на грчката партија Сириза, Anadolu Agency (AA).
Зборувајќи на конференција за новинарите Пападимоулис истакна дека членките на ЕУ кои одбиваат да ги прифатат бегалците ги создадоа проблемите и оставија илјадници луѓе заробени во Грција, иако беа спремни да бидат преселени.
„Велиме дека луѓето не се бројни, но понегогаш бројките многу зборуваат за луѓето, посебно кога тоа го зборуваме за илјадници луѓе кои бегаат од војната со своите семејства. Европа мора да живее со својата одговорност и со помош", рече Пападимоулис, истакнувајќи дека Грција сама не може да го носи сиот товар на бегалската криза.
Спирос Галионс, градоначелник на островот Лезбос, нагласи дека договорот помеѓу Европската унија и Турција од март оваа година придонел кон тоа да на островот остне заглавен голем број бегалци.
„Договорот забранува преселување на тие луѓе од нивната точка на влегување во ЕУ. Тоа е потполно апсурдно и мора да се смени", рече Галинос додавајќи дека проблемот би можел да се реши кога негои бегалци или мигранти од Лезбос би можеле да се преселат на некоја друга локација.
Одговарајќи на новинарски прашања, членот на грчка Сириза во ЕП, Стелиос Колуоглоу, ја обвини Велика Британија поради неприфаќањето на бегалците.
„Ставот на Велика Британија кон бегалците е шокантен. Овие луѓе бегаат од ДЕАШ, а дали знаете кој го создаде ова големо чудовиште? САД и Велика Британија, и тие не преземаат никаква одговорност", рече Колуоглоу.
Според официјалните податоци на грчките власти, околу 60.000 бегалци и мигранти моментално се „заглавени" во Грција, од кои 6.000 на Лезбос.