Çağrı Koşak
14 Ноември 2019•Ажурирај: 15 Ноември 2019
КУВАЈТ (АА) - Владата на Кувајт поднесе оставка, јавува Агенција Анадолија (АА).
Портпаролот на кувајтската Влада, Тарик ел Музарам, соопшти дека се повлекле од Владата по вчерашното гласање за недоверба против министерот за внатрешни работи и министерот за труд.
Музарам нагласи дека премиерот на Кувајт, Џабир ес Сабах, оставката ја доставил до кувајтскиот емир, шеикот Сабах ел Ахмед ал Џабир ес Сабах.
Укажувајќи на оставката на Кабинетот, Музарам рече дека овој чекор го направиле со цел повторно регулирање на статусот на министрите.
Вчера беше изгласана недоверба против министерот за внатрешни работи, шеикот Халид ел Џерах ес Сабах, како и против министерот за труд, Џинан Бушхери.