Ikrame Imane Kouachi
15 Септември 2024•Ажурирај: 16 Септември 2024
АНКАРА (АА) - Јорданскиот премиер Бишер ал-Хасауне денес ја поднел оставката на неговата Влада на кралот Абдула Втори, јавија државните медиуми, пренесува Анадолу.
Оставката дојде помалку од една недела по парламентарните избори на 10 септември, на кои опозицискиот Фронт за исламска акција освои повеќе места во Парламентот.
Овој потег му овозможува на кралот да назначи нова влада со новоизбраното законодавно тело. Дел од уставниот процес на Јордан е да се обезбеди нов мандат за извршната власт по изборните резултати.
Се очекува кралот повторно да го именува Хасауне или да избере нов премиер за формирање на следната влада.
Хасауне беше премиер со најдолг стаж во периодот на владеење на кралот Абдула. Тој беше назначен да формира влада во октомври 2020 година, наследувајќи го Омар Ал-Разаз.