Sayed Khodaberdi Sadat
21 Јуни 2018•Ажурирај: 21 Јуни 2018
КАБУЛ (АА) - Во рамките на операцијата извршена во авганистанските источни покраини Нангархар и Кунер, убиени се 23 припадници на терористичката организација ДЕАШ, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според соопштението на Министерството за одбрана на Авганистан, извршена е операција против ДЕАШ во подрачјата на Ачин, Дех Бала, Хогјани кои се наоѓаат во Нангархар, и во подрачјето на Сукаи кое се наоѓа во Кунер.
Во соопштението се вели дека во рамките на воздушната и копнената операција се убиени 23 припадници на оваа терористичка организација, додека се уништени две големи засолништа на ДЕАШ.