Mahmoud Barakat
21 Јуни 2018•Ажурирај: 23 Јуни 2018
БАГДАД (АА) - Врховниот федерален суд на Ирак ја потврди одлуката на иранскиот Парламент која налага повторно рачно пребројување на гласачките ливчиња од парламентарните избори одржани на 12 мај, пренесува Anadolu Agency (AA).
Државната ирачка телевизија јавува дека највисокиот ирачки суд ги одбил одлуките на Парламентот кои се однесуваат на поништување на гласовите на ирачката дијаспора, припадниците на безбедносните сили и интерно раселените гласачи во таа земја.
Станува збор за низа одлуки кои ирачкиот Парламент на почетокот на јуни ги донесе врз основа на жалбите за нерегуларности за време на изборите.
Ирачкиот претседател Фуад Масум се жалеше до Врховниот суд на одлуката на Парламентот.
Коалицијата Саироон победи на изборите со освоени 54 пратенички места во Парламентот.
Лидерот на таа коалиција и угледниот шиитски клерик Муктада ал Садр изјави дека Парламентот нема овластувања да се занимава со службените изборни резултати.