Sinan Doğan
23 Јуни 2021•Ажурирај: 25 Јуни 2021
БОГОТА
Јужноамериканската држава Перу ја потресе земјотрес со интензитет од 6 степени, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Националниот сеизмолошки центар при Институтот за геофизика во Перу објави дека епицентарот на земјотресот бил на 33 километри југозападно од градот Мала во подрачјето на главниот град Мила, на длабочина од 33 километри.
Властите информираа дека не е дадено предупредување за можно цунами, додавајќи дека во земјотресот нема човечки жртви и не е предизвикана материјална штета.
Перу е една од земјите што се наоѓаат во Пацифичкиот сеизмички појас, познат и под името „Огнен прстен“, подрачје во кое се забележува најголема сеизмичка активност.
На 15 август 2017 година Перу го потресе земјотрес со интензитет од 7,9 степени во кој животот го загубија 595 луѓе.