Elvir Hociç
24 Мај 2018•Ажурирај: 24 Мај 2018
БЕРЛИН (АА) - Заостаната бомба од периодот на Втората светска војна делумно експлодираше во германскиот град Дрезден за време на вчерашниот обид за нејзина деактивација, пренесува Anadolu Agency (AA).
Полициските официјални претставници соопштија дека надлежниот деминерски тим утринава излегол на терен со цел деактивација на неодамна пронајдената бомба од Втората светска војна, но дека дошло до компликации и проектилот делумно екпсплодирал.
Локалните медиуми јавуваат дека според достапните информации, никој не е повреден во експлозијата.
Полицијата, исто така, соопшти дека деминерите направиле пауза за да се олади бомбата, но не ја исклучуваат можноста да дојде до нова експлозија.
Жителите на квартот Лебтау во западниот дел на Дрезден вчера се евакуирани поради деактивација на 250 килограми тешката бомба која работниците на едно градилиште ја пронајдоа во вторникот.