Amina Zorniç
21 Септември 2016•Ажурирај: 21 Септември 2016
ЏАКАРТА (АА) - Во главниот град на Индонезија, вчера беше претставен „Ферари 488 спајдер“, најатрактивниот и најновиот модел на италијанскиот производител на спортски луксузни автомобили, јавува Anadolu Agency (AA).
Со 660 коњски сили и V8 твин-турбо мотор, 1.420 килограми тешкиот „Ферари 488 спајдер“ достигнува брзина до 100 километри за час за само 2,8 секунди и максимална брзина од 340 километри на час.
Просечната потрошувачка на гориво е 11,4 литри на 100 километри, а преносот на снагата се врши преку 7-степениот Ф1 менувач со две квачила.
Овој најнов „open air“ автомобил е тркачки автомобил со најдобри аеродинамични решенија во однос на претходните спајдери.
За да се дигне, односно спушти тврдиот преклоплив покрив потребни се вкупно 14 секунди.