Mustafa Melih Ahıshalı
25 Ноември 2019•Ажурирај: 25 Ноември 2019
ТЕХЕРАН (АА) - Поради протестите, кои во Иран се одржуваат поради поскапувањето на цените на гориво, приведени се 17 лица кои наводно се на чело на протестите во земјата, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Шефот на иранската полиција на покраината Лористан, Мухамад Мехдијан, го потврди апсењето наведувајќи дека безбедносните сили идентификувале и притвориле 17 лица кои биле на чело на протестите, и кои на некој начин го започнале бранот протести.
Хасан Халил Абади, претседателот на Покраинскиот совет „Рејшехрија“ во Техеран, изјави дека во затворите нема доволно место за приведените демонстранти.
„Затворите не се во состојба да одговорат на новите апсења“, изјави тој. Ги повика правосудните органи што побрзо да ги подобрат условите во затворите.
Протестите во Иран започнаа во петокот откако иранската нафтена компанија соопшти дека Владата на Иран и понатаму ќе дава субвенции на 60 литри бензин месечно по возило, но дека литарот на тоа гориво поскапел од 1.000 на 1.500 ријали (од 0.09 на 0,13 долари). Секој литар повеќе од месечната субвенционална квота од 60 литри Иранците ќе го плаќаат по 3.000 ријали (0,26 долари).
Низ земјата се приведенинад 1.000 демонстранти. „Амнести интернешнал“ (Amnesty International) објави дека за време на протестите загинале најмалку 115 демонстранти.