Turgut Alp Boyraz
10 Декември 2017•Ажурирај: 11 Декември 2017
КУДС (АА) - Во напад со нож во Западен Кудс тешко е повреден припадник на безбедносните сили на Израел, јавува Anadolu Agency (AA).
Како што соопшти израелската полиција, до нападот дошло на главната автобуска станица во Кудс.
Се додава дека полицијата возвратила на нападот и дека се преземени високи безбедносни мерки.
Нема информаци за здравствената состојба ниту идентитетот на лицето за кое се сомнева дека е напаѓачот.
Од Црвената Давидова ѕвезда е соопштено дека медиумските екипи се на терен за да укажат помош на 25-годишниот Израелец, кој би требало да биде префрлен во болницата Шаре Зедек.
Израелските сили овој случај го нарекоа терористички напад.