Emre Aytekin
19 Април 2023•Ажурирај: 19 Април 2023
ПЕКИНГ (АА) - Во пожарот што вчера избувна во стационарното одделение на приватна болница во Пекинг, главниот град на Кина, досега животот го загубија 29 лица, пренесува Анадолу.
Според веста што ја објави „Пекинг дејли“, вчера попладне избувнал пожар во болницата Чангфинг во Пекинг.
Според првичните информации, во пожарот животот го загубиле 29 лица.
Затворено е источното крило на болничката зграда каде што избувна пожарот, а амбулантски услуги се во прекин. Освен тоа, запрени се и берзанските трансакции на компанијата која е дел од болницата.
По пожарот што избувна вчера напладне, на самото место пристигнаа противпожарни, здравствени и екипи на итната помош, при што од зградата се спасени и евакуирани 71 пациент.
На социјалните мрежи се појавија видеоснимки на кои се забележува опожарената болница и луѓе кои од прозорците на болничката зграда висат фатени за чаршафи, во обид да досегнат до скалите што спасувачите им ги поставиле на ѕидот од зградата.
Во тек е истрага за откривање на причините за избувнување на пожарот.