Dilara Hamit
06 Мај 2019•Ажурирај: 07 Мај 2019
ЕРУСАЛИМ (АА) - Околу 320 места низ блокираниот Појас Газа се нападнати од саботата од страна на израелската Армија, јавува Anadolu Agency (AA).
Авичај Адрае, портпаролот на израелската Армија, потврди дека цел на нападите биле извидувачки точки, подземни магацини и воени центри на Хамас и Исламски џихад.
Од саботата, 25 Палестинци, меѓу кои и две бремени жени и две бебиња, беа убиени, а повеќе од 100 беа ранети во израелските воздушни напади.
Ескалацијата во Појасот Газа започна откако загинаа четворица Палестинци, вклучувајќи и еден тинејџер, а 51 лице беше повредено во нападите на израелската Армија на местата поврзани со Хамас и во одвоениот напад врз собир против долгодецениската окупација и опсада на Појасот Газа.
Израелските напади беа пресретнати од палестинските фракции на отпорот кои лансираа 600 ракети кон израелските населби, убивајќи три лица.