Ali Cura
19 Август 2021•Ажурирај: 21 Август 2021
МОСКВА
Руските власти соопштија дека борбен авион од типот Миг-29 се урнал во регионот Астрахан во Русија, додавајќи дека во несреќата животот го загубил пилотот на авионот, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според веста што ја објави прес-службата на Јужниот воен округ на Министерството за одбрана на Руската Федерација, борбен авион од типот Миг-29, од засега непознати причини, за време на неговиот планиран лет се урнал во ненаселено подрачје во близина на полигонот Ашулук во Астрахан.
Се наведува дека борбениот авионот не носел муниција, а во несреќата животот го загубил пилотот на авионот.
Во продолжение се вели дека командата на руските воздухопловни и вселенски сили испратила комисија во регионот за да ги испита причините за падот на авионот.
Воен транспортен авион од типот Ил-112В на 17 август се урна во близина на Москва, а во несреќата загинаа 3 лица.