Esat Fırat,Mustafa Deveci
29 Јануари 2020•Ажурирај: 30 Јануари 2020
ЕРУСАЛИМ (AA) - Најмалку тројца Палестинци се ранети во текот на протестите организирани денеска на различни локации на Западниот Брег поради таканаречениот Мировен план на американскиот претседател Доналд Трамп, јавува Агенција Анадолија (АА).
Голем број Палестинци се собраа денеска во Витлеем, Хеброн и Јорданската Долина.
Махмуд ел Алул беше на протестите во Јорданската Долина.
„Денеска се собравме за да нагласиме дека Јорданската Долина, која стана цел на окупациската идржава Израел и американската администрација, им припаѓа само на Палестинците.“
Алул изјави дека Палестинците ќе продолжат да го обработуваат земјиштето на тоа подрачје. Порача дека палестинскиот народ и понатаму ќе се бори и ќе пружа отпор на окупацијата.
Израелските сили интервенираа во текот на протестите во Хеброн. Против демонстрантите користеа солзавец и гумени куршуми.
При растерување на демонстрантите на подрачјето Ел Бира, во близина на Рамала, израелските војници користеа боева муниција.
Од палестинската Црвена полумесечина е потврдено дека е хоспитализиран Палестинец кој е ранет во текот на протестите во близина на бегалскиот камп „Ал Аруб“. Со боеви куршуми ранети се уште двајца Палестинци.
Трамп вчера, вторник, го објави таканаречениот Блискоисточен план што го претставува како „Договор на векот“, со кој Ерусалим (Кудс) се прогласува за неразделив главен град на Израел.
Трамп порача дека неговиот план е последна шанса за воспоставување независна палестинска држава.
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху откри дека планот предвидува израелски суверенитет над сите еврејски населби на Западниот Брег и порача дека тој план е многу голем и историска придобивка за Израел.
Палестинската страна, вклучувајќи ги движењата на отпорот, Фатах и Хамас, го отфрлаат планот на Трамп и најавуваат продолжување на борбата за правата на Палестинците. Палестинскиот претседател Махмуд Абаз планот го нарече завера, а од Хамас порачаа дека тој план не е вреден ниту колку хартијата на која е испечатен.