Fatih Erel
26 Октомври 2016•Ажурирај: 26 Октомври 2016
ЖЕНЕВА (АА) - Фондот за помош на деца при Обединетите нации (УНИЦЕФ) соопшти дека вооружените групи во Јужен Судан ослободиле 145 деца (кои претходно ги имаат регрутирано), јавува Anadolu Agency (AA).
Во соопштението на УНИЦЕФ се вели дека денеска, воружени групи во Јужен Судан ослободиле 145 деца. Исто така, во соопштението се истакнува дека од 2015 година досега, ова е најголемото ослободување во државата од страна на вооружените групи.
Во соопштението, претставникот на УНИЦЕФ во Јужен Судан, Махимбо М`дое рече: „Нашата надеж е како што денеска беа ослободени овие деца, да бидат ослободени и останатите 16.000 деца кои во моментов се наоѓаат во рацете на вооружените групи во Јужен Судан и да им се вратат на нивните семејства“.
УНИЦЕФ објави дека од почетокот на борбите во Јужен Судан, во декември 2013 година, во вооружените групи се регрутирани околу 16.000 деца, а само оваа година, околу 800 деца се приклучиле кон овие вооружени групи.