Aida Cako
21 Јули 2025•Ажурирај: 22 Јули 2025
СКОПЈЕ (АА) - Во њујоршката населба Вилијамсбург во Бруклин се одржа традиционалниот годишен фестивал Џиљо, при што местото беше исполнето со музика, традиција и атмосфера, јавува Анадолу.
Фестивалот, организиран од црквата „Пресвета Богородица од гората Кармил“, веќе повеќе од еден век претставува симбол на италијанско-американската заедница.
Во центарот на настанот беше спектакуларното подигање на кулата Џиљо висока 21 метaр, која преку улиците беше пренесувана од повеќе од 100 мажи.
На врвот на структурата свиреше бенд во живо, што предизвика аплаузи и восхит кај насобраната публика.
Илјадници посетители излегоа на повеќедневниот фестивал, кој е во чест на Свети Паулин од Нола.
Улиците беа преполни со паради, културни претстави и штандови со храна, додека заедницата се собра за да го прослави своето наследство и традиција на еден од најочекуваните летни настани во Бруклин.