Turgut Alp Boyraz
27 Април 2017•Ажурирај: 28 Април 2017
ЕРУСАЛИМ (АА) - Во непосредна близина на меѓународниот аеродром во Дамаск, утринава се извршени жестоки воздушни напади, а Израел индиректно ја презеде одговорноста за нападите, јавува Anadolu Agency (AA).
Локалните извори јавуваат дека воздушните сили на Израел утринава нападнале воени цели на Хезболах во регионот на Дамаск, а очевидците на социјалните мрежи објавија снимки од силните експлозии.
Израелскиот министер за разузнавачки работи, Јизраел Кац, во изјава за израелското државно радио индиректно призна дека властите на Тел Авив стојат зад тој напад.
„Можам да кажам дека тој напад е во согласност со израелската политика за спречување на трансферот на оружје на Хезболах. Ние секогаш ќе интервенираме кога ќе примиме разузнавачки податоци за трансфер на тоа оружје. Мораме да го спречиме Иран во настојувањето да воспостави воено присуство во Сирија“, изјави Кац.
Израел и претходно, под изговор дека се вршат ракетни напади од Голанската висорамнина на Израел, извршуваше воени напади на позициите на силите на сирискиот режим, опозицијата и проиранската милитантна група Хезболах.
Официјалните институции на Израел, воглавно, не ги потврдуваат директно информациите за тие напади.