Alaattin Doğru
09 Август 2019•Ажурирај: 10 Август 2019
ДАКАР
Според првичните извештаи, 37 лица ги загубија животите во вооружениот конфликт меѓу овчарите и земјоделците во африканската земја Чад, пренесува Anadolu Agency (AA).
Претседателот на Чад, Идрис Деби, во изјавата за медиумите истакна дека во вооружениот конфликт меѓу овчарите и земјоделците во источниот град Уадаи, најмалку 37 лица ги загубиле своите животи.
„Сведоци сме на лоши моменти, етничките конфликти станаа загрижувачко национално прашање“, рече Деби, додавајќи дека ќе се започне сеопфатен процес на социјален дијалог за да се стави крај на етничките конфликти.