İdris Okuducu
09 Август 2019•Ажурирај: 11 Август 2019
ДИЈАЛА
Еден цивил загина, а еден е повреден во минофрлачки напад на терористичката организација ДЕАШ во регионот Дијала, во источен Ирак, пренесува Anadolu Agency (AA).
Капетанот на Полицијата за разузнавање на Дијала, Али Хајдар, за локалните медиуми истакна дека ДЕАШ со минофрлачи ја нападнала месноста Имам Вејси, во областа Ханекин, во близина на иранската граница.
Хајдар, истакнувајќи дека минофрлачите погодиле некои цивилни населби, рече дека во нападот загинал еден цивил, а еден е повреден.
Во јуни 2014 година, терористичката организација ДЕАШ окупираше една третина од ирачката територија, вклучувајќи ја и територијата на Мосул. Во декември 2017 година, ирачките безбедносни сили во голема мерка ги повратија тие територии.
И покрај отстранувањето од регионот и преземањето на градовите од рацете на терористите, терористичката ДЕАШ продолжува со нападите во руралните области Киркук, Дијала, Мосул, Салахадин и Енбар.