Gülbahar Sayım
30 Мај 2016•Ажурирај: 31 Мај 2016
ДАКАР (АА) - Поранешниот претседател на Чад, Хусеин Хабре е осуден на доживотен затвор за воени злосторства и злосторства против човештвото, јавува Anadolu Agency(AA).
Вонредниот африкански суд во главниот град на Сенегал, Дакар, го прогласи Хабре за одговорен за убиство, исчезнување и мачење на илјадници луѓе во периодот кога бил на функцијата шеф на државата од 1982 до 1990 година.
Хабре е осуден на доживотен затвор.
Хисен Хабре е роден во 1942 година во северниот дел на Чад, и по краткиот мандат на функцијата премиер, во 1970 година, тој беше назначен за шеф на Вооружените сили на Северен Чад.
Хабре на 7-ми јуни ја презеде власта и по осум години владеење беше симнат од власт со воен удар од страна на Идриз Деби на 1-ви декември 1990 година. Уапсен е во Дакар во 2013 година, а за прв пат беше изведен пред суд на 20-ти јули 2015 година.