Hüseyin Erdoğan
21 Јуни 2018•Ажурирај: 21 Јуни 2018
ТОКИО (АА) - Јапонија минатата година оствари најголемо зголемување на потрошувачката на нуклеарна енергија од 64,9 отсто, се наведува во извештајот на статистичкиот преглед на БП (BP) за светската енергија во 2017 година, јавува Anadolu Agency (AA).
„Земјите на Далечниот Исток потрошија 29,1 терават-часови (TWh) нуклеарна енергија во 2017 година, трошејќи околу 1,1 отсто од вкупната потрошувачка на нуклеарна енергија во светот“, се наведува во извештајот.
Поголемиот дел од земјите во светот забележаа зголемување на годишната потрошувачка на нуклеарна енергија од 1,1 отсто.
Минатогодишната глобална потрошувачка на нуклеарна енергија изнесуваше 2.635,6 TWh.
Јапонија ги затвори своите 48 нуклеарни централи по големите земјотреси во источна Јапонија и цунамито во март 2011 година, кое оштети четири реактори во Фукушима.
Оттогаш, Јапонија ги реформираше своите безбедносни правила за да создаде нов регулаторен орган задолжен за обезбедување реактори со нови безбедносни правила кои се во согласност со она што беше откриено по катастрофата во 2011 година.
Пакистан и Холандија се најдоа на листата на БП по Јапонија, како земји што имаа втор и трет најголем годишен раст на нуклеарна енергија во 2017 година, со 39,5 отсто и 35,2 отсто.
Најголем пад, од друга страна, имаше Тајван, каде што потрошувачката на нуклеарна енергија се намали за 28,9 отсто во споредба со 2016 година.
Аргентина имаше втор најголем пад на потрошувачката на нуклеарната енергија за 25,3 отсто, додека Швајцарија освои трето место со пад од 11,2 отсто.
Според најновиот извештај на БП, САД се прогласени за најголеми светски потрошувачи на нуклеарна енергија и нивната потрошувачка е 32,1 отсто од вкупната потрошувачка во светот, односно 847,3 TWh.
Франција беше на второ место со 394,4 TWh, по што следуваше Кина, каде што минатата година беа потрошени 284,3 TWh од нуклеарната енергија.