Ekipa
15 Септември 2020•Ажурирај: 16 Септември 2020
ГАЗА (АА) - Израелските сили приведоа Палестинец заболен од карцином и тоа откако го преминал граничниот премин „Ерез“ заради лекување, јавува Агенција Анадолија (АА).
„35-годишниот пациент е приведен откако излегол од Газа заради лекување во болница во Ерусалим“, изјави за АА Абдул Насер Фервана од Комисијата за помош на палестинските затвореници.
Причината за приведувањето е нејасна.
Фервана изјави дека израелските сили привеле десет Палестинци на граничниот премин „Ерез“ оваа година.
„Окупациските власти го претворија граничниот премин во замка за притвор и притисок на Палестинците“, изјави тој.
Лоциран во северниот дел на Газа, граничниот премин „Ерез“ е единствениот премин кој го поврзува Појасот Газа со Израел и Западниот Брег.
Израелските власти не им дозволуваат на Палестинците да го преминуваат граничниот премин без безбедносна дозвола од Тел Авив.
Според палестинските бројки, околу 4.700 Палестинци, вклучувајќи 41 жена, 140 деца и 700 пациенти, во моментот се наоѓаат во притворните центри на Израел.