Qays Abu Samra,Mehmet Nuri Uçar
23 Јануари 2018•Ажурирај: 24 Јануари 2018
РАМАЛА (АА) - Во знак на протест против одлуката на американскиот претседател, Доналд Трамп, за признавање на Ерусалим (Кудс) за главен град на Израел, на Западниот Брег започна генерален штрајк, јавува Anadolu Agency (AA).
Стопиран е меѓуградскиот превоз, а своите врати не ги отворија голем број компании, банки и трговски центри. Исто така, беше прекината и наставата во образовните институции.
Палестинските групи ги повикаа луѓето да се соберат во текот на денот во центрите на градовите и да учествуваат во протестен марш кон израелските воени пунктови.
Покрај тоа, младите Палестинци поставија камења на патиштата за да го спречат поминувањето на возилата.
Претседателот на Соединетите Американски Држави (САД), Доналд Трамп, на 6 декември 2017 година донесе одлука за признавање на Ерусалим за главен град на Израел, а американскиот Стејт департмент нареди преместување на амбасадата од Тел Авив во Ерусалим (Кудс).
Американскиот потпретседател, Мајк Пенс, за време на посетата на Израел вчера изјави дека амбасадата на САД до крајот на 2019 година ќе биде преместена од Тел Авив во Ерусалим (Кудс).