Ayhan Şimşek
13 Декември 2019•Ажурирај: 14 Декември 2019
БЕРЛИН (АА) - Најмалку 25 лица се повредени во експлозија во источниот германски град Бланкенбург, објавија денес официјалните претставници, пренесува Anadolu Agency (AA).
Полицијата на Магдебург на Твитер објави дека експлозијата се случила во станбена зграда околу 8:55 часот по локално време. Сè уште не се знае која е причината за експлозијата.
Германските медиуми ја пренесоа информацијата, што ја добиле од извор од полицијата, дека едно лице загинало, а дека едно се води како исчезнато. Исто така додадоа дека не е познат степенот на повредите кај повредените лица.