Emre Gürkan Abay
13 Декември 2019•Ажурирај: 14 Декември 2019
МОСКВА (АА) - Властите на Руската Федерација најостро го осудија неодамнешното американско тестирање на балистички ракети забранети со Договорот за елиминација на нуклеарни проектили од краток и среден домет (INF), јавува Агенција Анадолија (АА).
„Последното тестирање на забранетиот проектил кој е лансиран од копно е потврда дека договорот ИНФ пропадна поради Вашингтон“, изјави портпаролот на Кабинетот на рускиот претседател, Дмитриј Песков, во Москва.
САД и поранешниот Советски Сојуз го потпишаа договорот на 8 декември 1987 година, а со него беше забрането да се развиваат нуклеарни и конвенционални проектили земја-воздух со домет меѓу 500 и 5.500 километри.
САД, претходно, наведувајќи дека Русија го крши ИНФ, соопштија дека еднострано се повлекуваат од тој договор.
Министерството за надворешни работи на Русија на почетокот на август соопшти дека официјално е ставен крај на ИНФ.