Mesut Zeyrek
22 Февруари 2020•Ажурирај: 23 Февруари 2020
ХАНАУ (AA) - Питер Минеман, боксерски тренер, што се спаси од расистичкиот терористички напад во германскиот град Ханау, премина во ислам и го доби името Билал, јавува Агенција Анадолија (АА).
Минеман, кој е по потекло од Камерун и кој премина во ислам по молитвата во џамијата на Исламската заедница во Ханау, истакна дека во нападот преживеал поради тоа што му завршиле куршумите на напаѓачот.
Тој рече дека и претходно се заинтересирал за исламот и се информирал околу тоа.
Минеман нагласи дека биле изложени на овој напад додека биле на јадење заедно со неговите пријатели, кои загинале во овој расистички напад. Неговите пријатели починале пред негови очи.
Истакна дека напаѓачот дошол до него, но дека му завршиле куршумите.
Билал Питер Минеман нагласи дека по овој случај одлучил да премине во ислам.