Mesut Zeyrek
13 Ноември 2016•Ажурирај: 14 Ноември 2016
КЕЛН (АА) - Во немирите меѓу поддржувачите на терористичката организација ПКК и полицијата на демонстрациите организирани во градот Келн, Германија, повредени се 2 полицајци, додека приведени се неколку демонстранти, јавува Anadolu Agency (AA).
Според информации од полицијата во Келн, во немирите кои се случија во населбата Деуц, група од 200-300 луѓе, кои носеа постери од лидерот на терористичката организација ПКК Оџалан, фрлале молотови коктели, при што полицијата интервенирала.
Демонстрантите ја нападнаа полицијата со камења и шишиња. Во инцидентите полицијата употреби солзавец.
Врз полицијата беше фрлано со камења и шишиња, при што беа повредени двајца полицајци.
Според соопштението на полицијата, по настаните приведени се 8 лица, додека за 30 лица е поднесена кривична пријава.