Ekip
17 Јули 2020•Ажурирај: 18 Јули 2020
БЕРЛИН
Германија денес ја нагласи потребата за поддржување на ембаргото на оружјето за Либија, во пресрет на неодамнешните закани од страна на египетскиот претседател Абдел Фатах ал Сиси дека ќе вооружува некои од либиските племиња против либиската Влада која е меѓународно признатата, јавува Агенција Анадолија (АА).
Зборуваќи на редовната прес-конференција во Берлин, Кристофер Бургер, заменик портпаролот на Министерството за надворешни работи, јасно стави до знаење дека либиското ембарго за оружје „се однесува на сите страни“.
Германскиот дипломат повика на ставање крај на странската воена поддршка за конфликтните страни во граѓанската војна во Либија.
Ал Сиси вчера се состана со шефовите на либиските племиња во египетскиот главен град Каиро, каде упати закани дека Египет „нема да застане“ наспроти зголемената воена мобилизација во близина на градот Сирт во северна Либија.
Говорејќи за Ал Џезира, портпаролот на либиското Министерство за надворешни работи Мохамед Ал-Каблави ја критикуваше неодамнешната изјава на ал-Сиси како „бесрамно мешање во либиските внатрешни работи“.
„Говорот на Ал-Сиси е повторување на неговите претходни изјави, што претставува безобразно мешање во либиските работи“, рече тој, додавајќи дека говорот на египетскиот претседател не бил „насочен кон мирот како што рече, туку тој е оној што го разгорува либискиот конфликт “.
Во меѓувреме, либискиот Висок државен совет го осуди повикот на ал-Сиси за вооружување на либиските племиња, велејќи дека тоа ќе предизвика повеќе борби и поделба во земјата.
Ал-Сиси во јуни соопшти дека е можно Каиро да започне „надворешни воени мисии“ во Либија, велејќи дека „секоја директна интервенција во Либија веќе станала легитимна на меѓународен план“.
Ал-Сиси рече дека градот Сирт и воздушната база Ал Џуфра се нивна „црвена линија“, повикувајќи ја неговата армија „да биде подготвена да изврши било какви домашни или прекугранични мисии“.
Во април 2019 година, нелегитимните сили на Хафтар започнаа напади врз либискиот главен град Триполи и други делови на северозападна Либија, во кои загинаа над 1.000 лица, меѓу кои жени и деца.
Силите на либиската легитимна Влада неодамна остварија значајни победи, протерувајќи ги силите на Хафтар од Триполи и стратешкиот град Тархуна.