Mustafa Deveci
17 Јули 2020•Ажурирај: 19 Јули 2020
ЕРУСАЛИМ
Израелските сили за време на интервенција на протестите против нелегалните еврејски населби на окупираниот Западен брег со гумени куршуми ранија двајца Палестинци, јавува Агенција Анадолија (АА).
Локалните извори наведуваат дека Палестинците протестирале против изградбата на ѕидот на раздвојување и нелегалните еврејски населби. Протестите се одржани на подрачјето на Наблус и Хеброн.
Израелските сили интервенираа со гумени куршуми и солзавец, а Палестинците возвратија со камења.
Повредени се двајца Палестинци, а голем број се погодени од солзавец.
Демонстрациите против изградбата на ѕидот на раздвојување и нелегални еврејски населби се одржуваат секој петок во различни делови на окупираниот Западен брег, посебно во Кафр Кадум во градот Наблус.
Според меѓународното право, сите еврејски населби на окупираната територија се сметаат за нелегални.