?????
11 Февруари 2016•Ажурирај: 13 Февруари 2016
БЕРЛИН (АА) - Министерството за внатрешни работи на Германија потврди дека одлуката за зајакната контрола на државните граници е продолжена за три месеци, поради големиот број бегалци кои доаѓаат, јавува Anadolu Agency (AA).
Од Министерството за внатрешни работи соопштија дека одлуката за контрола на границите не може да се укине бидејќи во скоро време не се очекува намалување на бројот на бегалци кои доаѓаат во Германија.
Во текот на минатата година во Германија стигнаа 1,1 милиони мигранти од Африка, Азија и од Блискиот Исток. Најголем број дојдоа преку јужната германска граница со Австрија.