Ekipa
25 Мај 2016•Ажурирај: 26 Мај 2016
БЕРЛИН (АА) - Германската канцеларка Ангела Меркел денеска соопшти дека Владата одобри нови мерки кои ќе ѝ помогнат на земјата да се интегрираат 1,1 милиони имигранти чие пристигнување е регистрирано во текот на минатата година, јавува Anadolu Agency (AA).
Меркел истакна дека со новите мерки ќе се избалансира „можноста и обврските” на мигрантите.
„Мислам дека ова е пресвртница”, рече кратко Меркел.
Мерките кои Владата ги разгледуваше, ги вклучуваат и курсевите за мигранти и намалувањето на времето на чекање за интеграционите курсеви, со поголем акцент на учењето на германскиот јазик.
Преостанува мерките да бидат одобрени и од страна на германскиот парламент.