Aybala Arpacı
25 Мај 2016•Ажурирај: 25 Мај 2016
САНТЈАГО (АА) - Во Чиле протестираа учениците бидејќи претседателката Мишел Башеле не го одржала дадениот збор за реформи во образованието, јавува Anadolu Agency (AA).
Група ученици кои успеале како туристи да влезат во претседателската палата, истакнале плакати и извикувале слогани. Откако биле отстранети од претседателската плата, учениците својот протест го продолжиле во околниот парк.
Учениците по протестот до одговорните органи напишале писмо во кое се вели: „Денеска, учениците на Чиле влегоа во претседателската палата за да ја информираат Владата и претседателката на државата дека се неуспешни.“
Претседателката Башеле повика прес-конференцијата на која учениците беа повикани да имаат трпение. Таа изјави дека сите посакуваат реформите во образованието да се случат што поскоро „но реалноста е дека прашањето за реформите не се разгледуваат во парламентот“.
Министерот за внатрешни работи, Хорхе Бурхос, соопшти дека се преземени мерки за зголемување на безбедноста во претседателската палата.
Учениците во Чиле бараат измени на наследениот образовен систем од времето на диктатурата на Аугусто Пиноче од 1973 до 1990 година, преку спроведување сеопфатна реформа, вклучувајќи бесплатно образование и подобрување на условите за настава.