Ayhan Mehmet,Furkan Naci Top
19 Септември 2016•Ажурирај: 20 Септември 2016
АТИНА (АА) - Еден Авганистанец го загуби животот во тепачка со стапови и ножеви меѓу бегалците во грчкиот град Патра, јавува Anadolu Agency (AA).
Според веста на новинската агенција „Атина-Македонија“, вчера, во близина на пристаништето на градот Патра, во една напуштена фабрика за дрва во која престојувле бегалците, се случила тепачка.
За време на тепачката, со нож бил прободен еден 33-годишен Авганистанец, кој починал во болница.
По тепачката меѓу бегалците, за која сѐ уште не се знае причината, полицијата притворила 20 бегалци.
Според сознанијата, во последните неколку месеци, во напуштената фабрика за дрво се населиле десетици бегалци, кои скришно се обидувале да се качат на транспортните ТИР-камиони за да преминат во европските земји.