Ayhan Mehmet
02 Ноември 2020•Ажурирај: 03 Ноември 2020
САМОС (АА) - Утрово избувна пожар во бегалски камп на грчкиот остров Самос, јавува Агенција Анадолија (АА).
Пожарот бргу се рашири во кампот поради пластичниот материјал што е користен во изработката на импровизираните кровови.
По реакцијата на противпожарните екипи и гаснењето на пожарот, околу 20 шатори повеќе не можат да се користат.
Бегалците се префрлени на безбедно место бидејќи пожарот предизвика голем број експлозии.
Јоргос Станкос, претседател на Општината Источен Самос, како гостин на една телвизиска програма изјави дека бегалците преживеале голема опасност, додавајќи дека засега нема информации за евентуални човечки жртви во пожарот.
Во бегалскиот камп на островот Самос престојуваат приближно 4.500 баратели на азил.