Dmitri Chirciu
02 Ноември 2020•Ажурирај: 02 Ноември 2020
МОСКВА
На новиот тип коронавирус (Ковид-19) во Русија позитивни се 1.655.038 лице, додека бројката на починати изнесува 28.473, известува Агенција Анадолија (АА).
Центарот за контрола и превенција на инфекциите со коронавирусот во Русија соопшти дека во последните 24 часа бројот на заразени е зголемен за 18.257, со што вкупниот број на лица позитивни на коронавирусот се зголеми на 1.655.038.
Во истиот период починале уште 238 пациенти кај кои било утврдено присуството на коронавирусот, зголемувајќи го вкупниот број на смртни случаи во земјата на 28.473. Од почетокот на пандемијата досега оздравеа 1.236.033 лица, од кои 10.360 во последното деноноќие.
На ниво на цела Русија, зголемувањето на новозаразените на дневно ниво од 1,2% се намали на 1,1%, при што кај 25,1% од новозаразените не се забележани симптоми на болеста.
- Во последните 24 часа изработени 512.000 тестирања за Ковид-19
Во последните 24 часа во Москва, бројот на заразени е поголем за 4.796 и изнесува 434.205. Во исто време, потврдени се 53 смртни случаи, вкупно 6.873.
Службата за јавно здравје и заштита на потрошувачите соопшти дека во изминатите 24 часа биле направени 512.000 тестови, вкупно 61,5 милиони досега.
Првиот случај на инфекција со коронавирусот во Русија е потврден на 31 јануари, а првиот смртен случај на 19 март.
Во Русија на 28 октомври во сила стапи обврската за задолжително носење маски на јавни места, во возилата за јавен превоз, такси-возилата и во лифтовите, како дел од мерките преземени против Ковид-19. Освен во Москва, во целата земја, во периодот од 23:00 до 6:00 часот забранета е работата на центрите за забава, рестораните, ноќните клубови и кафулињата.