Ali Cura
24 Април 2017•Ажурирај: 25 Април 2017
МОСКВА (АА) - Во Република Дагестан, која е дел од Руската федерација, се случила експлозија во едно училиште, јавува Anadolu Agency (AA).
Министерството за внатрешни работи на Дагестан соопшти дека во подрачјето на Чумадискиот регион, експлодирала рачна бомба во компјутерската училница на едно училиште.
Во експлозијата еден ученик го загубил животот, а 11 ученици се ранети, од кои 3 ученици се во тешка здравствена состојба. Тешко повредените ученици се наоѓаат на интензивна нега.
Министерството соопшти дека до несреќата дошло поради невнимание при ракување со оружје. Директорот на училиштето, Шамил Абакаров изјави дека експлодирала рачна бомба која во училиштето ја донел еден ученик.