Davut Çolak
31 Декември 2019•Ажурирај: 01 Јануари 2020
КОПЕНХАГЕН
Премиерката на Данска Мете Фредериксен изјави дека во својата земја не сака да ги прими децата на данските државјани кои се бореле на странските боишта, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Фредериксен во изјава за данските медиуми порача дека Данска, во случај да ги прифати децата на своите државјани кои се бореле во редовите на ДЕАШ во Сирија, би била принудена потоа да ги прифати и мајките на тие деца.
„Како влада, не сакаме да ги прифатиме децата во Данска бидејќи нивните семејства го свртеа грбот на Данска и се бореа за ДЕАШ. Така одлучија за иднината на своите деца“, порача Фредериксен.
Според написите на данските медиуми, во камповите во Сирија престојуваат најмалку 30 деца чии родители биле во редовите на ДЕАШ.