Mahmut Atanur
31 Декември 2019•Ажурирај: 01 Јануари 2020
ЏАКАРТА (AA) - Жителите на Индонезија и бројни странски туристи со спектакуларни огномети влегоа во 2020 година, јавува Агенција Анадолија (АА).
Во главниот град Џакарта дочекот на Новата година организиран е на неколку локации на кои собраните уживаа во музичките концерти и огномети.
Некои улици се затворени во текот на дочекот на Новата година, а огнометите се забранети надвор местата на кои официјално е организиран дочекот.
Освен во престолнината на Индонезија, дочекот на Новата година е организиран и во другите големи градови вклучувајќи ги Сурабаја, Бали, Макасар и Медан.
Во сите градови се преземени опсежни безбедносни мерки по повод дочекот на Новата година.