Burak Bir
01 Јули 2023•Ажурирај: 04 Јули 2023
ЛОНДОН (АА) - Две лица се убиени вчера во напад со огнено оружје на Меѓународниот аеродром „Кишињев“, во главниот град на Молдавија, пренесува Анадолу.
Инцидентот се случил кога странски државјанин, кому му е одбиен влезот во земјата, почнал да пука.
Министерството за внатрешни работи на Молдавија соопшти дека специјалните единици воспоставиле контрола на аеродромот.
Приведен е напаѓачот чија националност не е откриена.
Засега не е познато кои се жртвите на нападот.