Abdulselam Durdak
26 Ноември 2021•Ажурирај: 26 Ноември 2021
ИСТАНБУЛ - Билатералната трговија меѓу Турција и Либија во последните две години и покрај пандемијата се зголеми за 43 отсто на 2,3 милијарди долари, благодарение на договорот за поморски граници потпишан од двете страни, јавува Агенција Анадолија (АА).
Муртаза Каранфил, шефот на турско-либискиот деловен совет при Одборот за надворешни економски односи на Турција, изјави дека обемот на меѓусебната трговска размена се очекува прв пат да достигне 3 милијарди долари до крајот на оваа година.
„Договорот регистриран од ОН е со цел да ги заштити правата и интересите не само на Турција туку исто така и Либија“, изјави тој.
„Поддршката на Турција ја обезбедува независноста на Либија и мирот во земјата. Турција треба да им придаде важност на односите со Либија со цел да ги заштити законите во Медитеранот, Егејското Море и Кипар“, додаде Муртаза Каранфил.
Нагласи дека Либија има стратешко значење бидејќи се наоѓа на 3-дневна поморска оддалеченост од Турција и има патна конекција со 56 африкански земји.
„Краткото поморско растојание до Европа и ниските трошоци за гориво, недвижен имот, транспорт и изнајмување ја прават Либија многу важна за нас“, додаде тој.