Qais Omar Darwesh Omar
18 Јануари 2023•Ажурирај: 18 Јануари 2023
НАБЛУС (АА) - Најмалку 43 Палестинци се повредени при судир со Израелските армиски сили кои изведоа воен напад во окупираниот Западен Брег, јавуваат локалните власти, јавува Агенција Анадолија (АА).
Насилството избувна откако израелските сили упаднаа во градот Наблус за да обезбедат пристап на еврејските доселеници до Гробот на Јосиф, изјавија очевидци.
Палестинската Црвена полумесечина соопшти дека 6 лица биле повредени со гумени куршуми, додека над 35 други претрпеле привремено задушување од солзавец испукан од израелските сили.
Местото, кое Евреите го нарекуваат „Гробот на Јосиф“, долго време беше жариште на насилство. Евреите веруваат дека местото е гробот на библискиот патријарх Јосиф.
Муслиманите го оспоруваат тоа тврдење, велејќи дека на тоа место пред два века бил погребан исламскиот свештеник - шеикот Јусеф Давикат.