Selman Aksünger
08 Јуни 2021•Ажурирај: 09 Јуни 2021
ХАГ (АА) – Европската полициска агенција (Европол) соопшти дека 800 лица се приведени во операциите против криминалните организации што дејствувале низ светот користејќи шифрирани мрежи за комуникација, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во писменото соопштение од Европол се истакнува дека се извршени претреси на 700 адреси и дека се приведени 800 лица во рамките на операциите наречени „Тројански штит“.
Во изјавата се наведува дека Федералното биро за истраги на САД (ФБИ) и безбедносните сили на 16 земји спровеле заедничка операција против криминалните организации што дејствуваат во повеќе од 100 земји со користење шифрирани мрежи за комуникација.
За време на операциите запленети се 8 тони кокаин, 22 тона семе од канабис, 2 тона синтетички дроги, 6 тони материјали за производство на синтетички дроги, 55 луксузни возила и криптовалути во вредност од 48 милиони долари.
„Оваа операција е невиден успех, покажувајќи дека криминалните организации можат да бидат фатени од безбедносните сили каде и да се, без оглед на комуникацискиот метод што го користат“, истакна директорот на Европол, Жан-Филип Лекуф.
Калвин Шиверс , заменик-директор на Единицата за криминалистички истраги на ФБИ, истакна: „И покрај тоа што криминалните организации користат шифрирани мрежи за комуникација за да ги заобиколат безбедносните единици, ФБИ и Европол ќе продолжат да го надминуваат овој проблем со нови методи.“
Во рамките на операциите против шифрираните мрежи за комуникација, користени од криминалните организации, Европол во јули 2020 година ја сруши комуникациската мрежата наречена „Енкрочат“ (EncroChat), додека во март 2021 година комуникациската мрежа „Скај и-си-си“ (Sky ECC).