Mahmoud Barakat
28 Јануари 2017•Ажурирај: 29 Јануари 2017
ГАЗА (АА) - Египетските власти денеска повторно на три дена го отворија граничниот премин Раф во појасот Газа, кој е во израелска блокада, јавува Anadolu Agency (AA).
‚‚Терминалот ќе биде отворена во двете насоки три дена по ред", рече Хишам Oдван, директор на преминот Рафа од палестинската страна.
Според палестински официјални лица во рок од три дена на студентите, пациентите и оние кои имаат странско државјанство ќе им биде дозволено да го преминат терминалот.
Утрово на граничниот премин се собраа стотици луѓе кои сакаат да ја преминат границата.
Во петокот, Исмаил Ханија, лидерот на Хамас, пристигна во појасот Газа преку преминот Рафа, откако пет месеци помина во Катар. Обраќајќи им се на медиумите при пристигнувањето, рече дека неодамнешните разговори со египетските официјални лица во Каиро се ‚‚успешни" и ‚‚плодни".
Од соборувањето на претседателот Мохамед Морси во 2013 година, Египет границата со Газа ја држи најчесто затворена.