Hakan Çopur
28 Јануари 2017•Ажурирај: 28 Јануари 2017
ВАШИНГТОН (АА) – Претседателот на САД Доналд Трамп, со потпишување на претседалската уредба во петок го прекина прифаќањето на мигрантите од Сирија до нова одлука во иднината и ги укина сите барања за азил во следните 4 месеци, јавува Anadolu Agency (AA).
Белата Куќа ја објави претседателската уредба која што „ќе го ограничи прифаќањето на мигрантите во земјата и ќе воведе строги превентивни процедури во визите за мигрантите“. Истата тема долго време беше тема на дискусии во јавноста на САД.
Претседателскта уредба со наслов „Заштита на САД од влезот на странските терористи во земјата“ потпишана од страна на Трамп во текот на неговата посета во Пентагон, го прекинува прифаќањето на мигрантите од Сирија до некоја нова одлука.
По потпишување на уредбата, останува да се види што ќе се случи со мигрантите кои што сеуште имаат процедури со визите или се на прагот за влез во САД.
- Четири месеци нема прифаќање на мигранти
Исто така и „Програмата за прифаќање на мигранти“ што се води од страна на Секретаријатот за Надворешни работи на САД, укината е на 120 дена. По истекот на рокот, ќе се почне со прифаќање на нови мигранти само од земјите што ќе добијат заедничка дозвола од Секретаријатот за Внатрешна безбедност, Секретаријатот за Надворешни работи и Националниот директор за разузнавање.
Намален е и бројот на мигрантите кои што ќе бидат прифатени во САД. Бројот на мигрантите во 2017 од 110 илјади намален е на 50 илјади мигранти.
Во рамките на истата уредба се известува дека мигрантите од земјите за кои што „се мисли дека се поврзани со тероризам“, 30 дена нема да бидат прифатени во САД и ќе се превземат дополнителни мерки во текот на истиот период. Иако имињата на овие земји не се спомнуваат се известува дека тоа се Ирак, Либија, Сирија, Иран, Судан, Сомалија и Јемен.
Во неговиот одговор на едно прашање во врска со мигрантите дадено во интервју за „Christian Broadcasting Network" (CBN), Доналд Трамп изјави: „Христијанските бегалци од Блискиот Исток ќе имаат приоритет“.
-Го нема членот за „Безбедносни зони во Сирија
Во уредбата на Белата Куќа, го нема членот од предлог документот кој што порано протече и во јавноста, „Етаблирање на безбедносни зони во Сирија“.
Во предлог документот на без потпис кој што кружи по американските медиуми и се наоѓа во отворени извори, постоеше членот „Етаблирање на безбедносни зони во Сирија“, и од страна на Секретаријатот за Одбрана и за Надворешни работи на САД, предвидено беше за три месеци да се направи еден предлог план за формирање на безбедни зони во Сирија и во соседните земји.
„Секако дека ќе формирам безбедносни зони за народот во Сирија. Јас мислам дека Европа направи голема грешка што дозволи влез на милиони луѓе во Германија и во другите држави.“ изјави Трамп во првото телевизиско интервју дадено за АВС по седнувањето вопретседателската престолнина во Белата Куќа.